НА ТЕРЕН ПОМЕЃУ ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ Кои ја потврдуваат брзата исплата на субвенциите во сточарството

Министерот Николовски и директорот на АФПЗРР Бачовски во селото Водоврати  ја посетија фармата на сточарот Исмаил, кој одгледува околу 20 крави. Исмаил изрази благодарност за брзата исплата на субвенциите во сточарството, како и за новите мерки што се креирани за поддршка на сточарите оваа 2024 година.
“Убави зборови, и поддршка добивме од Исмаил сточар од село Водоврати кој има своја фарма со околу 20 крави. Исмаил навистина изрази благодарност за брзата исплата на средствата од грантот за набака на тракторот, за навремената редовна исплата на субвенциите, за зголемувањето на субвенциите што го имаме во секторот сточарство кој е во нашиот фокус оваа година.” – изјави министерот за земјоделство Љупчо Николовски.
420426519_946278556865981_7686016138199025118_n
“Од 4.000 на 12.000 денари ја зголемуваме поддршката за женски грла говеда постари од 12 месеци. Се зголемува и поддршката за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет од 400 на 1.000 денари. Ја продолжуваме поддршката кон сточарите во набавка на високо педигриран добиток. Мерка важна за сточарите, со која го обновувваме сточниот фонд. Креираме нова мерка за поддршка во одржување на ливадите, во висина од 6.000 денари по хектар,Го помагаме сточарството зголемувајќи ја платата за овчарите, од досегашните 360.000 денари по овчар, на 620.000 денари.”- потенцира Николовски.
417544823_946278460199324_6938983318180585589_n
417544149_946278410199329_6086290237288973207_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e